Connect with us

Други спортови

Цела одбојкарска екипа и 40 борци под урнатините

Катастрофалните земјотреси што ја погодија југоисточна Турција и делови од Сирија однесоа над 2.000 животи. Под урнатините се и неколку десетици спортисти.

Како што пишува спортскиот портал Фанатик, женскиот одбојкарски клуб Хатај е под урнатини поради уривање на зграда во провинцијата Малатија. Засега не се знае што се случува со одбојкарките, а под урнатините биле и одбојкарите на Малатија и неколку од нив се со повреди. Пронајдени се тројца играчи.

Во Кахраманмарас, градот најблиску до епицентарот, под урнатините се 30 до 40 турски борци. Се урна зградата во која се наоѓаше салата за боречки вештини.

Под урнатините се и неколку фудбалери, се шпекулира дека некои се извлечени, а некои загинати.