Connect with us

Фудбал

Целиот свет го чека дебито на Роналдо за Манчестер Јунајтед, но неговата мајка нема да го гледа мечот, тој и забранил

Целиот свет е во исчекување на дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед. По пауза од 12 години Португалецот повторно ќе го облеќе дресот на клубот каде се промовираше во голема фудалска ѕвезда.

Илјадници навивачи ќе го видат во живо на стадион неговото враќање во Јунајтед, но неговата мајка Долорес нема да биде на трибините. Такво нешто и забранил самиот Роналдо.

-Не и дозволувам да гледа големи мечеви. И реков, слушај јас веќе немам татко, не сакам да ја загубам и мајка ми. Таа нема да ги гледа големите мечеви на кои ќе играм јас, изјави Роналдо, додавајќи:

-Таа секогаш е многу нервозна, не разбирам зошто. Сега е опкружена со пријатели и оди на прошетки. Два пати претходно се онесвести на стадион за време на мечевите кои јас сум ги играл, вели Роналдо.