Connect with us

Фудбал

Цело време бевме во заблуда: Португалија повеќе зависи од Роналдо, отколку Аргентина од Меси

Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина беше поразен на првиот натпревар на Копа Америка од Колумбија со резултат 2:0.

Аргентинците покажаа бледа игра, па дури во второто полувреме имаа неколку добри шанси за гол, но не успеаа да постигнат, па претрпеа пораз.

Како и во повеќето натпревари, играта на Аргентина се вртеше околу Лонел Меси кој во некои моменти од натпреварот го чуваа и по тројца противнички играчи.

Познато е дека многумина сметаат дека играта на Аргентина зависи од Меси, но според последната статистика репрезентацијата на Португалија повеќе зависи од Кристијано Роналдо, отколку Аргентина од Лионел Меси.

Ѕвездата на Барселона освои се’ на клупско ниво, но никогаш не освои трофеј со репрезентацијата, додека Роналдо освои два.

На Светското првенство во 2014. Аргентина изгуби на продолженија од Германија во финалето, а потоа изгубиа на пенали од Чиле во финалето од Копа Америка 2015. и 2016. година.

Статистиката покажува дека Кристијано Роналдо постигна 88 голови за Португалија додека останатите 22 фудбалери постигнаа вкупно 33 голови.

Од друга страна Лионел Меси постигна 67 голови за Аргентина, додека неговите 22 соиграчи постигнаа вкупно 74 голови.

Меси ќе се обиде да дојде до нов гол во дресот на репрезентацијата против Парагвај, а натпреварот се игра на 20. јуни.