Фудбал
Целосен хаос во случајот со Бензема! Французинот заглави на остров, веднаш пречкртан од Ал Итихад
Сагата околу Карим Бензема и неговиот статус во Ал Итихад доби нов дел. Францускиот напаѓач не се појави на стартот од подготовките на својот клуб и беше пречкртан од списокот за патувања за тренинг кампот во Дубаи.
Причината поради која Бензема не одговори навреме е крајно чудна. Да не речеме, бизарна. Според информациите до кои дојде Марка, најдобриот светски фудбалер од 2022 година бил заробен во Маурициус каде бил на одмор. Циклонот Белал го погоди островот и сите летови беа откажани, па Карим не можеше да се врати во Саудиска Арабија.
Тренерот на Ал Итихад, Марсело Галадро не ја прифати таквата причина како адекватна и ја пречкрта својата главна ѕвезда. Меѓу другото и поради се што се случи на крајот на минатата година. Бензема поради лошите игри се најде на удар на навивачите. Поради бројните критики и навреди, тој го избриша својот профил на Инстаграм, а ги пропушти последните три тренинзи во 2023 година и без најава си замина од Џеда.