Connect with us

Други спортови

Цицките и беа најголем противник

Ана Семенович своевремено важеше за перспективна руска лизгачка на мраз, која се натпреваруваше во 90-тите години од минатиот век. И предвидуваа блескава кариера во уметничкото лизгање, но повредите и малата мотивација ја натерале на само 19 години да се откаже од овој спорт.
Ана денес има 38 години, а по лизгањето влезе во светот на музиката (пејачка), актерството, а воедно позираше и за многу магазини.

Имено, таа деновиве се присети на својата кариера во уметничко лизгање, а воедно ги откри и проблемите кои ја следеле каде и да се појави за време на натпреварувањата, но и надвор од нив.

  • Не беше важно што работам и какви резултати постигнувам. Освојував медали за својата земја, но моите гради секогаш беа во прв план. За мене се зборуваше дека ги поседувам најголемите гради во цела Русија, откри Семенович.

Ана се натпреваруваше на Светските првенства во 1998 и 2000 година. На само 17 години стана екстра популарна, благодарение пред се на нејзината атрактивна појава, која предизвикуваше воздишки кај машката популација каде и да се појавеше. Денес, таа има над 1,7 милиони следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.