Connect with us

Други спортови

Цонга објави лоши вести

Париз, 16 септември 2020 (МИА) – Поранешниот бр.5 во светот, Жо-Вилфред Цонга објави дека сезоната е завршена за него.

Поради проблеми со грбот, 35-годишниот Французин ќе го пропушти Ролан Гарос и другите турнири до крајот на 2020 година.

Сепак, тој се надева дека ќе се врати на АТП турнејата во 2021 година.

– 2020 година мора да се заборави. Но, јас сè уште имам дух, бес, желба и мотивација да се вратам во 2021 година, во надеж дека работите ќе се одвиваат позитивно. Сонувам повторно да се борам на терените против сите овие неверојатни играчи … Ви благодарам за целата поддршка, пријатели, напиша финалистот на Австралија опен 2008 на Твитер.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com