Фудбал
Црковен поглавар откри како изгледа и што чувствува Шумахер
Германскиот надбискуп, Георг Геншвајн, пред две години го посетил седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, а сега проговори за тоа како се чувствувал и изгледал поранешниот пилот на Ферари во тоа време.

Шумахер на крајот од декември во 2013 година доживеа страшна несреќа за време на скијањето на француските Алпи, поради што се здоби со тешки повреди на главата. Кацигата која ја имал на глава му го спасила животот, но не можела да спречи да дојде до повреда. Шест месеци беше во кома, а потоа пуштен на домашно лекување, каде се наоѓа и сега. Фамилијата, особено неговата сопруга Корина, не дозволува да излезат во јавност никакви информации околу ситуацијата на славниот Ф1 возач, па медиумите честопати се занимаваат со шпекулации.
Меѓутоа, споменатиот прв бископ Ганшвајн го привлече вниманието за мистериозната ситуација на Шумахер.
- Седев покрај него, му ги земав двете раце и го погледнав. Тој чувствува дека покрај него се наоѓаат луѓето кои го сакаат и се грижат за неговото здравје. Фала Богу, ја држат јавноста далеу од него, изјави 62 – годишниот католички поглават, а го пренесе „Билд“.
Надбискупот додал дека Шумахер е „здебелен во лицето, но изгледот не му се променил“.
Инаку, менаџерката на Шуми, Сабине Кем, ги откри причините зошто семејството ја крие здравствената состојба на седумкратниот светски првак.
- Општо гледано, медиумите никогаш не известувале за приватниот живот на Михаел и Корина. Еднаш, во приватен разговор, Шумахер ми рече: „Од наредната година повеќе не мораш да ми се јавуваш, исчезнувам од јавниот живот“. Мислам дека тоа му беше таен сон, дека истото го предвидел, како да знаел дека ќе се случи еден ден. Затоа, сега сакам да ја заштитам неговата желба и да не дозволам ништо да излезе во јавноста, откри Кем.