Connect with us

Фудбал

Црн биланс, најмалку 17 загинати во навивачка пресметка на фудбалски меч (ВИДЕО)

Најмалку 17 убиени и 22 повредени е црниот биланс во пресметка на навивачите пред мечот на Керетеро со Атлас во рамките од мексиканската лига. Вистински хаос имаше на теренот, а пресметката на навивачите личеше на пресметка на две банди.

Вината за големиот број на жртви и повредени оди делумно и на адреса на полицијата, која според многумина не реагирала благовремено. Во тек е истрага за целиот случај.