Кошарка
Црн Дрим во еден ден официјализираше договор со девет кошаркари
Кошаркарскиот клуб Црн Дрим следната сезона ќе биде дел од македонската кошаркарска елита, а по тој повод управата се активираше на трансфер пазарот, пишува Ohridnews.com
Стружани ги засукаа ракавите и во еден офијализираа договор со девет кошаркари кои ќе го носат дресот на прволигашот.
Нови членови на Црн Дрим се Христијан Радически, Михајло Арсовски, Андреј Атанасов, Ѓорѓи Зафиров, Мартин Ристовски додека нови соработката со стружани ја продолжија Андреј Настовски, Габриел Коскоски и браќата Петар и Васко Бојовски.
Црн Дрим со билет за учество во Првата лига се стекна после прекинувањето на сезоната поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Извор: Ohridnews.com