Connect with us

Фудбал

Црвена Звезда на две победи до – светски рекорд!

Црвена Звезда дојде на чекор да постави светски рекорд во фудбалот. На досегашните 36 натпревари, црвено-белите имаат скор 33 победи, 3 реми натпревари и 0 порази.

Ако успее да победи во последните два меча од актуелната сезона во српската Суперлига, иако црвено-белите играат без поголем императив откако ја заверија четвртата шампионска круна во низа.

На сето ова треба да се додаде дека Звезда се наоѓа во финале во Купот на Србија и дека ќе се борат за двојна круна против Партизан на 25 мај, што е уште една потврда за одличната сезона на „црвено белите“.