Connect with us

Кошарка

Црвена Звезда пресилна за МЗТ Скопје во „Јане Сандански“

МЗТ Скопје загуби на домашен терен во АБА лигата, овој пат од Црвена Звезда со 80:57. Кошаркарите на МЗТ Скопје немаа решение за расположениот Кампацо кој постигна 23 поени, седум скокови и девет асистенции.

Војдан Стојановски со 13 поени (три тројки) и четири скока заедно со Дастин Вер со 16 поени и пет асистенции беа убедливо најдобри кај МЗТ Скопје, додека Мајк Кафи застана на девет поени.

Ова е 12-ти пораз на МЗТ Скопје во Аба лигата.