Connect with us

Фудбал

Цветаноски од БРЕРА Струмица во босански Железничар!

Македонскиот фудбалер, Матеј Цветаноски и официјално потпиша за Железничар, соопштија од босанскиот клуб.

Според информациите, крилниот напаѓач потпишал двегодишен договор.

Минатата сезона Цветаноски играше за Брера во ПМФЛ, во која постигна четири гола и исто толку асистенции.

Во кариерата настапувал и за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани.