Фудбал
Тухел ќе добие милиони за отказот, Покетино веќе се потпишал на договорот со ПСЖ, познати неговите желби
Томас Тухел постигнал договор со ПСЖ околу отпремнината за отказот кој го доби по скандалозното интервју. Како што пишуваат медиумите тој ќе добие околу 7 милиони евра. Од друга страна, пак, според новинарот Фабрицио Романо, Маурисио Покетино веќе кажал да и потпишал договор со францускиот првак.
Во прашање се само часови кога и официјално ќе биде промовиран во нов тренер на „Светците“. Деталите засега не се познати, но се појавија информации дека барал засилувања, а неговите желби биле Кристијан Ериксен од Интер, со кого работеше во Тотенхем и под чија „палка“ Данецот стана еден од најдобрите играчи за врска, но и Пауло Дибала од Јувентус, кој исто така е во втор план сезонава кај Андреа Пирло.