Connect with us

Фудбал

Тухел објаснува зошто фаворитите не водат во најсилните европски лиги

Париз, 29 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, по победата во Истанбул против Башекшехир во 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите (2:0), ја потенцира тежината на оваа сезона.

– Скоро и да немавме претсезонски тренинг. Ни недостасуваат многу играчи. Купивме многу играчи на крајот од преодниот рок. Не е едноставно. По пауза поради пандемијата, ПСЖ играше во финалето на Купот, плејофот во Лигата на шампионите, а потоа започна и Лига 1.

Јувентус е во водство во Италија? Не. Во Англија … најдобриот Манчестер Сити? Не. Дали Барселона или Реал се во водство во Шпанија? Не. Ова се случува, бидејќи тие беа со нас во Португалија, каде се одигра плејофот во Лигата на шампионите. Сепак, претпочитам да бидам позитивен и да се смешкам и верувам дека на крајот работите ќе се дојдат на свое место, нагласи Тухел. зс/