Connect with us

Фудбал

Тухел по првиот пораз на ПСЖ: Немаме втор Нејмар или Верати

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел го истакна отсуството на ѕвезди како Нејмар и Марко Верата по првиот пораз за сезоната.

ПСЖ беа поразени со 1:2 против Лион во спектакуларен натпревар од 23-тото коло на Лига 1, откако дозволија пресврт.

– Јасно е дека немаме втор Нејмар или Верати, но јас целосно имам доверба во останатите фудбалери. Ди Марија и Дракслер одиграа многу силен натпревар и имаа доста можности за гол. По изедначувачкиот гол бевме прилично пасивни, ни недостигаше прецизност и носевме лоши одлуки. Лион одигра многу добро, но и нашата игра во второто полувреме ми се допадна, рече германскиот стратег.

ПСЖ останува лидер со 56 поени и покрај поразот, а вториот Лил е со 46. Парижани имаат и два натпревари помалку.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com