Connect with us

Фудбал

Тухел започнува офанзива за двајца Французи

Челзи во јануари ќе ја истражува можноста да склучи договор со Орелиен Чуамени, а доколку не успеат, лондончани ќе се обидат да го купат францускиот репрезентативец на лето.

Нивната дилема во одбраната е добро позната, бидејќи треба да се решат ситуациите со договорите на Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен, Тиаго Силва и Цезар Аспиликуета.

Јасна е потребата од реформи и во средниот ред. Во моментов опции се Н’Голо Канте, Жоржињо, Матео Ковачиќ и Рубен Лофтус-Чик. Сините ги имаат и Саул и Рос Баркли за дополнителна длабочина. Сепак, клубот планира напред, со најмалку еден од Канте, Жоржињо и Ковачиќ да замине следната година. Пред извесно време, освојувачот на Лигата на шампионите имаше интерес за Деклан Рајс. Имаше контакт со Рубен Невес од „волците“ оваа недела, но името што се споменува во скаутската единица на клубот е Чуамени, според „Еуроспорт“.

21-годишниот фудбалер оваа сезона беше одличен во Монако, па дури и го зазеде местото на Канте во француската репрезентација за Лигата на нации. Голем број клубови се во ред за неговиот потпис, но Челзи е оптимист и длабоко ја проучува ситуацијата околу него.

Клубот предводен од Томас Тухел го следи и францускиот дефанзивец Жил Кунд од Севиља. Дефанзивецот е и на радарот на германскиот специјалист и се верува дека ако раководството удри во камен со повторното потпишување на еден од горенаведените четворица одбранбени играчи, тој може да започне офанзива за Кунде во јануари.