Connect with us

Фудбал

Турам до Мбапе: Многу добро знаеш зошто не дојдов во ПСЖ!

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, минатото лето можеше да потпише за Пари Сен Жермен, но го избра италијанскиот тим и не жали.

Французинот на тој начин по четири години ги напушти редовите на Борусија Менхенгладбах и одби можност да игра заедно со својот пријател Килијан Мбапе.

По неговото одбивање, тимот од Париз го ангажираше Кол Муани, а Мбапе го праша напаѓачот на Интер зошто не дојде во ПСЖ во интервју за Канал+.

Зошто не дојде во ПСЖ?“, го прашал Мбапе Турам и не чекал долго на неговиот одговор.

„Мбапе многу добро знае зошто не потпишав за Пари Сен Жермен“, изјави францускиот напаѓач, кој потоа додаде: „Никогаш не барав загарантирана минутажа, мислам дека тоа воопшто не е возможно. Само така се чувствував, Интер ме сакаше пред две години и секогаш ме гледаа како своја „деветка“, така што беше лесен избор“.

Сезонава на 20 одиграни натпревари за Интер, Турам постигна седум гола и додаде десет асистенции, додека за француската репрезентација одигра 16 натпревари и постигна два гола.