Connect with us

Фудбал

Турчин сака да го купи Челзи

Турски милијардер, претседател на АГ Холдинг Мусин Бајрак сака да го купи англискиот гигант. Во изјава за медиумите самиот откри дека неговата компанија е во преговори со адвокатите на Абрамович.

-Веќе сме во фаза во која останува само потпис на договор. Многу брзо ќе го поставиме турското знаме во Лондон. Овој договор ќе биде важен за Турција. Нашите адвокати се во контакт со Абрамович од првиот ден, кога стана јасно дека клубот е на продажба, вели бизнисменот од Турција.

Абрамович одлучи да го продаде ЧелИ откако Велика Британија воведе санкции за руски олигарси поради рускиот напад врз Украина, а на Абрамович му беше суспендитана визата и престојот.