Фудбал
Турски Коњаспор го промовираше македонскиот интернационалец (ФОТО)
Македонскиот интернационалец, кој има и настапи за репрезентацијата, Ваљон Етеми е нов играч на турскиот Коњаспор. Етеми во Коњаспор, доаѓа на позајмица од Истанбулспор до крајот на сезоната, со можност да биде целосно откушен неговиот договор. Во новиот клуб ќе го носи дресот со број 72.
Етеми потекнува од младинската школа на Ренова, а на рани години се пресели во Динамо Тирана, затоа и првите репрезентативни чекори се за Албанија, во младинските категории, но потоа одлучува да настпаи за сениорскиот тим на Македонија, за кој има 4 настапи. Роден е во Палатиц, општина Желино и има 26 години.
Hoş geldin Valon Ethemi! ✍️
👉 https://t.co/atQ4z6mHEN pic.twitter.com/bEEWHf5gxi— TÜMOSAN Konyaspor (@konyaspor) January 25, 2024