Тајмаут
ТВ водителка го тужи поранешниот играч на Барселона, ја напуштил кога дознал дека е бремена, а подоцна одбил да плати за лекување на детето
Јаспер Силесен (33) минатото лето се врати во матичниот клуб НЕЦ Најмеген, но враќањето дома за поранешниот голман на Барселона може да биде непријатно откако беше тужен од неговата поранешна партнерка, шпанската ТВ водителка Марија Моран.
Станува збор за семејно запоставување, неплаќање алиментација и несоодветни коментари.
⚽❌Cillessen, exportero del Barcelona, denunciado por su exparejahttps://t.co/jqc5syvy8a
— Deportes Cuatro (@DeportesCuatro) February 8, 2023
Силесен има дете заедно со Моран, но по кратка врска многу брзо раскинале. Поточно, тој ја оставил денот кога дознал дека е бремена, а истиот ден на социјалните мрежи објавил фотографија со нова девојка.
Холандскиот голман, за кој се вели дека заработувал меѓу пет и седум милиони евра по сезона само во Барселона и Валенсија, не ги плаќал ниту болничките сметки кога на нивната ќерка и била потребна лекарска помош.
Се проценува дека Силесен во текот на кариерата заработил околу 40 милиони евра, но не сакал да ја плати сумата од 1.200 евра за лекување на детето.
За среќа, 90-годишниот дедо на Марија ја исплатил сумата, откако ја искористил својата животна заштеда.
„Дедото на Марија мораше да се грижи за тоа, тој има речиси 90 години, никогаш немал кредитна картичка и морал да ја искористи својата животна заштеда за да и помогне на својата внука“, рече адвокатката на Марија, Тереза Бујес.
Таа додаде дека има различни ставови за висината на исплатата на детската издршка, поради што случајот завршил на суд.
Во 2011 година, Силесен од Најмеген се пресели во Ајакс Амстердам, а во 2016 година потпиша за Барселона. Таму никогаш не успеа да се наметне покрај германскиот голман Марк-Андре тер Штеген, а во 2019 година се пресели во Валенсија, а во 2022 година се врати во Нијмеген. За холандската репрезентација одигра 63 натпревари.