Connect with us

Фудбал

Уапсен фудбалер на Манчестер Јунајтед!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд (20) е уапсен под сомнение дека претепал и силувал девојка, објавија англиските медиуми во полициското соопштение. Да потсетиме, неговата девојка Хариет Робсон  сподели слики од нејзиното крварење со натпис: „Ова го направи за мене Мејсон Гринвуд“. Таа објави и фотографии од други повреди и звучна снимка од расправија на која и се заканува машки глас.

Откако претходно денеска беше исфрлен од тимот од Јунајтед, полицијата објави дека „маж на околу дваесет години е уапсен под сомнение за силување и физички напад“. Иако неговото име никаде не се споменува, сите информации се совпаѓаат и јасно е дека станува збор за англиски фудбалер.

„Полицијата претходно денеска дозна за фотографии и видеа на социјалните мрежи каде жена пријавува физички напад. Покрената е истрага против маж на возраст од дваесетина години и можеме да потврдиме дека тој е уапсен поради сомнение за силување и физички напад. останете во притвор на распит“, се вели во соопштението.