Connect with us

Фудбал

Уапсен контроверзниот прв човек на Сампдорија, правел финансиски криминал

Првиот човек на Сампдорија, контроверзниот Масимо Фереро е уапсен поради финансиски криминал, објавија италијанските медиуми. Тој правел финансиски малверзации со една од неговите фирми, а како што пишуваат италијанските медиуми, ги имал неколку.

Фереро основа фирми, ги задолжува и потоа со лажен банкрот ги измамува доверителите. Во целиот овој случај, Сампдорија не е поврзана, а покрај газдата, уапсени се и неговата ќерка Ванеса и блискиот роднина Џорџо.

Инаку Фереро од поодамна е под истрага и за перење пари за трансфер на Педро Обијанг кој за 6,5 милиони евра замина од Сампдорија во Вест Хем во 2015 година, ама парите не завршија на сметка на клубот, туку на сметка на некоја од многуте фирми на газдата. Но, тој процес не доби разрешница освен дека е истрагата во тек.