Connect with us

Фудбал

Уапсен поранешен фудбалер на Партизан! Сакал да ја напушти Србија, кај него пронашле пиштол со 126 куршуми!

Поранешен фудбалер на Партизан и репрезентативец на Србија и Црна Гора уапсен на граничниот премин Гостун! Симон Вукчевиќ, поранешен успешен фудбалер е уапсен бидејќи сакал да ја напушти Србија, поточно да влезе во Црна Гора, но бил уапсен.

Тој е приведен затоа што кај него биле пронајдени пиштол и дури 126 куршуми, јавува Информер. Симон Вукчевиќ беше голема ѕвезда, „перспективно момче“, уште во Партизан, а потоа и во лисабонски Спортинг, со кој играше и во Лигата на шампионите. Следуваше голем пад. Сега е на прагот да се врати во Будуќност, а да се прашаше само поранешниот репрезентативец на Црна Гора, таа работа веќе ќе беше завршена.

По Партизан играше за Сатурн, Спортинг, Блекбурн, Карпати, Војводина, Левадијакос, Енозис и Чавез. Вукчевиќ настапуваше за А репрезентацијата на Србија и Црна Гора (пет натпревари), а по осамостојувањето избра да настапува за Црна Гора (45 настапи и два гола).