Connect with us

Тајмаут

Убава фудбалерка доби отказ, па отиде на страница за возрасни: Не ја пуштија да игра, сега сака многу да заработи! (ФОТО)

Мексиканската фудбалерка Никол Теја направи радикален потег – направи профил на сајт за возрасни! По разочарувачката сезона во која забележа само шест настапи за Некакса, убавата фудбалерка доби отказ и и требаше дополнителна заработка. Таа реши да стигне до таму на „полесен“ начин, продавајќи ги своите провокативни слики и видеа.

Така Никол го продолжи трендот на спортистки кои се обидуваат да заработат пари на платформата за возрасни. Пред неа тоа го направија бројни познати фаци од женскиот спорт, а некои девојки станаа толку успешни што ги запоставија кариерите што дотогаш ги градеа. Тоа не треба да биде случај со Никол, која не се откажа од фудбалот дури и откако беше отпуштена од мексиканскиот клуб – таа бара тим за следната сезона и се надева дека ќе потпише договор со тим каде што ќе има повеќе простор да игра.