Тајмаут
Убавата актерка го остава Хакими по обвинувањата за силување на девојка
Ашраф Хакими пред неколку дена се најде во центарот на скандал, откако девојка во полиција пријавила дека се обидел да ја силува.
Тој веднаш ги отфрли овие наводи, но неговата сопруга Хиба Абук, позната шпанска актерка, не верува во неговата верзија на приказната.
„Марка“ пренесува дека Абук решил веднаш да ја прекине врската со фудбалерот и затоа не била во Париз, на доделувањето на наградите на ФИФА, каде Хакими влезе во иделаниот тим на годината. Според истиот извор побарала и развод.
Очигледно, нивната врска веќе некое време е во криза и не се на „иста бранова должина“, а обвинението за силување било последната капка.
Неофицијално, обвинителите во Франција веќе отвориле истрага по наводната пријава за силување. Тој бил пријавен од 24-годишна девојка дека силувал во неговиот дом во предградието на Париз на 25 февруари.
Наводно почнале да се допишуваат во средината на јануари преку Инстаграм, а потоа оженетиот Мароканец сакал повеќе. Како што пишуваат медиумите, тој ја поканил оваа девојка во својот дом и прво ја бакнал, и ја подигнал облеката и и ги бакнал градите и покрај нејзините протести, а потоа без согласност ја продрел во неа. Неименуваната жена истрчала дома и по неколку дена го пријавила силувањето во полициска станица, но иако не поднела пријава – обвинителството го направила тоа. За време на тој викенд тој бил сам дома бидејќи неговата сопруга Хиба била во Дубаи со двете деца на одмор, а наводно откако дознала дека се случило силувањето решила да го напушти фудбалерот на Пари Сен Жермен.
Инаку, Хиба Абук е 12 години постара од Хакими и е позната по бројните улоги во ТВ серии во Шпанија.