Connect with us

Тајмаут

Убавата Русинка добивала смртни закани бидејќи се омажила за бразилскиот фудбалер, таа стори се за него, на крајот тој ја исфрли на улица (ФОТО)

Руската убавица Екатерина Дорожкo пред неколку години привлече големо медиумско внимание во Русија кога се дозна дека е во врска со фудбалерот Луис Адријано (36). Проблем беше бојата на кожата на Бразилецот, поради што обожавателите на Екатерина, односно расистите ја малтретираа на социјалните мрежи.

Екатерина во тоа време беше „заљубена до уши“ во фудбалерот на Спартак и не можеше да поверува што пишуваат за неа на Инстаграм, а се беше уште полошо по заминувањето во Бразил – каде Адријано го облече дресот на Палмеирас во 2019 година.

Но, после се што направи за Бразилецот, тој буквално ја исфрли на улица и влезе во врска со Бразилка:


„Не сум тажна што ме избркаа од дома, ситуацијата беше полна со тензија, но сега се е во ред. Мојот следен сопруг мора да биде богат…“, изјавила Дорожко и се „фрлила на работа“, а судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, има нов избраник, пејач многу постар од себе.

„Секој ден кога одев на натпреварите во Бразил луѓето ми викаа: внимавај, доаѓа Русинка, секој ден добивав смртни закани, сакаа јас и моите родители да се разболиме, се закануваа дека ќе ме најдат и тепаат затоа што се омажив за темен маж“, напишала убавата Екатерина во најлошите денови од нејзиниот живот.