Connect with us

Тајмаут

Убавицата луда по ѕвездите од Премиерлигата ги демне и малтретира: Фудбалер ја блокирал 21 пат, ама таа не се откажа! (ФОТО)

Девојка позната од социјалните мрежи признала дека „демнела и малтретирала“, а нејзини жртви биле тројца фудбалери кои играат за Челзи во Премиер лигата! Мелиса Слоун, која своевремено спиеше со Мејсон Маунт, не го преболела лесно нивното раскинување, па покрај фудбалерот од средниот ред, почна да ги следи и неговите соиграчи Бен Чилвел и Бил Гилмор, кои во меѓувреме преминаа во Брајтон.

Мелиса и Мејсон се забавуваа шест месеци, но кога фудбалерот на Челзи реши да ја прекине врската, девојката со 80.000 следбеници на Инстаграм не сакала приказната да заврши. Таа продолжила да му праќа пораки на фудбалерот, а кога тој ги блокирал броевите на кои таа му праќала пораки, Слоун купувала нова картичка.

„Веќе не купувам храна за да платам нови броеви“, напишала Мелиса Слоун во една од пораките, откако Мејсон Маунт блокирал дури 21 картичка од која му се јавувала. Ниту тоа не беше доволно да го спречи малтретирањето од страна на „Ѓаволот“, кој по Маунт најде уште две жртви во тренинг центарот на Челзи.

Бен Чилвел некако се борел против жената која креирала посебни профили на социјалните мрежи и на нив објавувала фотомонтажи на кои тој бил централна фигура, додека младиот Били Гилмор имал најмногу проблеми. Морал да ги избрише сметките бидејќи Мелиса почнала да контактира со семејството и пријателите на фудбалерот, а тоа се одразило на неговите игри.

-Не можев да заспијам и морав да пијам апчиња за спиење, што подоцна се одрази на мојот настап на теренот“, изјави Глимор.

Advertisement