Други спортови
Убавицата со страшни обвинувања за познатиот тенисер-ја тепал!? Не е прв пат да го обвинуваат за насилство (ФОТО)
Нов скандал во чиј центар е Александар Зверев! Тој повторно беше обвинет за насилство врз жена, овој пат Бренда Патеа, мајка на неговото дете. Зверев претходно беше обвинет од неговата поранешна девојка Олга Шарипова дека психички и физички ја малтретирал, па дури и неколку пати ја претепал, пишува магазинот „Рекет“. АТП отвори своја независна истрага по што Зверев беше ослободен од обвиненијата.
Засега не се познати деталите од обвинението покренато против Зверев. Зверев моментално е 19. тенисер во светот, а еднаш го држеше второто место. Два пати го освои последниот турнир во сезоната, освои злато на Олимписките игри во Токио, а играше во финалето на УС Опен во 2020 година. Во Австралија и на Ролан Гарос стигна до полуфиналето, додека најдобар резултат на Вимблдон беше четвртото коло.

