Connect with us

Други спортови

Убедлив пораз на македонските одбојкарки на гостувањето во Австрија

Македонската женска одбојкарска репрезентација вечерва во Швехат загуби од Австрија со убедливи 3:0 (25:15, 25:17 и 25:7) во последниот свој настап сезонава во Европската Сребрена лига.

Македонките со максимални шест порази се последни во групата во која не успеаја да освојат ниту еден сет, но покажаа дека имаат потенцијал за подобри резултати на идните турнири.

Од А-групата, покрај Австријките пласман во плејофот изборија и Естонките. Двете селекции имаат по 15 бода, односно пет победи и еден пораз. Третото место го освои Летоноија со шест бода, односно две победи.