Connect with us

Фудбал

Убиен фудбалер во Марсеј: На улица испукале 27 куршуми кон Менди

Адел Сантана Менди, фудбалер од четвртолигашот Обања е убиен на улиците на Марсеј.

Дечко кој поминал низ младинската школа на познатиот Олимпик од Марсеј бил застрелан со два истрели и на 22 години ставил крај на својот живот. На лице место биле пронајдени дури 27 чаури со калибар 7,62 мм. Полицијата го истражува целиот случај.

Беше голема надеж на Олимпик од Марсеј, се обиде и во нисколигашки клубови во Англија, па во Малта, пред да се врати во Франција пред две и пол години.