Тајмаут
Убиј го и фрли го-Убава, но фатална, екс сопругата на легендата на Рома оди во затвор, ќе лежи 7 години!
Голем скандал ја тресе Италија, а поранешниот италијански репрезентативец и икона на Рома, Даниеле Де Роси повторно е во центарот на вниманието, ниту виновен, ниту одговорен. Неговата поранешна сопруга Тамара Писноли е во затвор за злосторство извршено пред една деценија. Имено, убавата русокоса во 2014 година заедно со уште осум соучесници го киднапирале италијанскиот бизнисмен Антонело Јефи. Потоа го мачеле и изнудувале, за на крајот да му земат 340.000 евра!

Тамара Писноли се запознала, а потоа развила пријателска врска со Лефти, за да биде киднапирана од нејзините пријатели. Го претепале, го избоделе и го оставиле на улица.
-Изненаден сум, тоа е приказна од пред десет години која започна со измама врз мене. Поради погрешните познанства кои се формираат во мојот живот со години, се надевам дека ќе се воспостави мојата добра волја – објасни Тамара Писноли.
Tamara Pisnoli a casa di Ilary Blasi, l’ultima cena prima della condanna: e Teo Mammuccari fa l’ipnosi [di Andrea Ossino] https://t.co/NZPqqzomCG
— Repubblica (@repubblica) February 28, 2023
Италијанските медиуми го напишаа и сведочењето на луѓето кои го слушнале разговорот меѓу Тамара Писноли и бизнисменот.
– Знаеш ли колку ми треба да убијам човек? Ништо, само ќе му предадам 10.000 евра на Албанец – наводно викала Тамара.

Антонело Јефи откри како ја запознал Тамара и кошмарот низ кој поминал.
– Не разбрав што се крие зад насмевката на Тамара, зад нејзината симпатија. Но, денес, кога го премотувам филмот, кога ќе се сетам дека за малку ќе умрев во нејзиниот стан, се е поинаку. Денеска сум свесен дека паднав во стапица. Таа не беше само убава и фина. Таа исто така беше многу интелигентна и паметна. Сфатив дека има смисла за бизнис – изјавил Антонело Јефи за римскиот весник „Месаџеро“ и продолжил:
– Ме киднапираа и ме однесоа кај Тамара. Шест луѓе наизменично ме тепаа, откако таа им кажа дека нема да и платам. Таа имаше леден поглед. Ја молев да престане со се, но таа само рече – Исчисти ја крвта, па исфрли го и убиј го. Се преправав дека сум мртов и ме оставија на тротоар. Дури подоцна дознав за криминалното минато на Тамара и дека нејзиниот татко бил убиен во пресметка. Платив многу висока сметка, изгубив се, особено имиџот што го имав во деловните кругови, но мило ми е што правдата е задоволена.