Фудбал
УЕФА дојде до идеја како да ја заврши сезоната во Лигата на шампионите
Европската куќа на фудбалот, УЕФА во вторник треба да соопшти како ќе заврши годинешнава Лига на шампиони. Според информациите кои доаѓаат од светските медиуми, сериозно се размислува да се направи „фајнл-фор“ во Лигата на шампионите и во Лига Европа.
УЕФА планира да има шампион и да биде сезоната завршена. Дали тоа ќе биде со Ф4 или на друг начин останува да се види.