Connect with us

Фудбал

УЕФА ги откажа квалификациите за јуниорско Европско првенство поради пандемијата

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги откажа квалификациите за јуниорско Европско првенство, чие финале требаше да се игра во Романија.

Поради пандемијата КОВИД-19, Извршниот комитет на УЕФА одлучи да ги „запре“ квалификациите поради големите ограничувања низ цела Европа, што ќе им го отежне патувањето на тимовите.

УЕФА изјави дека одлуката ја донеле во консултација со своите членови.