Connect with us

Фудбал

УЕФА го казни Селтик поради поддршката за Палестина од страна на навивачите!

Селтик е казнет од УЕФА затоа што навивачите на шкотскиот шампион покажаа поддршка за Палестина. Клубот од Глазгов ќе треба да уплати 17.500 евра во касата на Европската фудбалска унија, бидејќи неговите приврзаници вееја палестински знамиња на натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите во Глазгов.

Во објаснувањето на УЕФА се наведува дека со ваквото однесување испратиле „провокативна порака од навредлив карактер“. Иако Селтик побара од навивачите да не носат палестински знамиња на стадионот, тие истакнаа транспарент „Слобода за Палестина“ и „Победа на отпорот“ за време на натпреварот.