Фудбал
УЕФА ја разгледува опцијата за укинување на казната на Манчестер Сити
Шпанските медиуми носат одлична вест за Манчестер Сити во ова тешко време за светот.
Извор близок до локалните медиуми тврди дека УЕФА размислува да ја укине забраната за учество на клубот во европските натпреварувања за две години.
Тоа би значело, всушност, дека овој тим повторно би бил во Лигата на шампионите, доколку избори место преку домашниот шампионат.
Манчестер е уверен дека ќе можат да ја одложат нивната суспензија од европските натпреварувања до август, а дотогаш ќе биде предоцна за одлуката да стапи на сила за следната сезона.
Потсетуваме, кон средината на февруари, УЕФА донесе одлука да го казни овој клуб поради финансискиот фер-плеј по истрагата која траеше неколку месеци.