Connect with us

Фудбал

УЕФА потврди: Натпреварите Севиља – Рома и Интер – Хетафе се одложени поради коронавирусот

Рома денеска потврди дека нема да го одиграат натпреварот од 1/8 финале во Лигата на Европа против Севиља кој е закажан за утре, затоа што не можеа да патуваат на овој гостински натпревар.

Авионот во кој беа играчите на Рома не доби не доби дозвола да слета во Севиља, а клубовите наскоро најавија дека овој натпревар нема да се игра утре како што беше планирано.

На крајот на краиштата, УЕФА исто така потврди дека поради коронавирусот на авионот не му било дозволено да слета на ниту еден од аеродромите во Шпанија. Затоа, беше решено натпреварот помеѓу Севиља и Рома да не се игра.

Истата судбина е и со мечот Интер-Хетафе, закажан за утре да се одигра на „Меаца“. УЕФА потврди дека овој натпревар е одложен бидејќи Италија е целосно блокирана.

Сепак, сè уште е нејасно кога би можеле да се играат овие натпревари и извесно е дека УЕФА во моментов има големи проблеми бидејќи ова многу го нарушува редоследот на натпреварите во Лига Европа.