Connect with us

Фудбал

УЕФА се извинува: Претходните објави беа грешка!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) очигледно е во голем колапс.

Официјалните профили на социјалните мрежи објавија денес дека Европското првенство ќе продолжи да го носи името ЕУРО 2020 следната година и дека ништо нема да се промени во нејзината организација.

Сепак, два часа подоцна, тие тврдат дека погрешно ги толкувале претходните информации.

„Се извинуваме за грешката. Ниту една одлука не беше донесена во името на Европското што треба да се одржи во 2021 година. Претходниот, твит беше грешка“, напиша УЕФА.

Повторно направија целосен хаос.