Connect with us

Фудбал

УЕФА: Во Париз немало расизам!

Вистински хаос предизвика мечот во ЛШ помеѓу ПСЖ и Башакшехир во декември минатата година.

Мечот на „Паркот на принцовите“ беше прекинат во текот на првиот дел поради наводни расистики навреди од четвртиот судија кон помошниот тренер на турскиот тим Пиер Вебо. Дуелот беше доигран следниот ден, но без романските судии, но Колтеску стана мета на многу критики и поминуваше низ тежок период. УЕФА се разбира веднаш покрена истрага. Прегледани се сите докази, а како што тврдат романските медиуми било одлучено дека расизам во Париз немало.

„Про Српот“ тврди дека УЕФА нема да има никаква постапка против судиите, но ниту против некогашниот тренер на Башакшехир Окан Бурук кој судиите ги нарече „цигани“.