Фудбал
Угледниот „Гардијан“: Остварен сонот за пласман на ЕП
Пласманот на македонските фудбалери на Европското првенство не остана незабележан и од светските медиуми.
Британскиот весник „Гардијан“ пишува за остварениот сон на Горан Пандев и неговите соиграчи.
– Северна Македонија се пласираше на Европското првенство следната година. Тоа е нивниот највреден резултат и прво големо натпреварување. Обезбедено е по победата на гостувањето кај Грузија во Тбилиси со 1:0.
Горан Пандев, најдобриот играч на неговата нација и водечки стрелец на сите времиња, ја го постигна победничкиот гол во 56-та минута од средбата. Триесет и седумгодишниот фудбалер беше во солзи по последниот свиреж на судијата, бидејќи него и на неговите соиграчи им се исполнија соништата, објави Гардијан.
Противници на македонските фудбалери во Ц-групата на ЕП 2020 коешто е одложено за идната година, ќе бидат Австрија, Холандија и Украина. зс/