Connect with us

Фудбал

Украина дефинитивно пречкртана, позната замената

Украина дефинитивно нема да биде една од трите земји кои ќе испратат заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Земјата во која беснее војната требаше да се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2030 година заедно со Шпанија и Португалија, но она за што се шпекулираше во последните месеци сега е потврдено. Имено, Мароко изрази желба да биде дел од „пакетот“ со споменатите соседни земји.

„Сакам да објавам дека Кралството Мароко одлучи, заедно со Шпанија и Португалија, да поднесе заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година“, изјави за Ројтерс министерот за спорт на африканската земја, Чакиб Бенмуса.

Во октомври минатата година се дозна дека Украина е вклучена во заедничка кандидатура со Шпанија и Португалија, кои официјално се пријавија за домаќин на Светското првенство во јули 2022 година.

ФИФА треба да го избере домаќинот на Светското првенство во 2030 година на 74. Конгрес следната година.