Connect with us

Фудбал

Украинските медиуми тврдат: Јаја Туре има нова работа

Поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, наводно има нова работа.

Украинските медиуми тврдат дека тој ќе се приклучи на стручниот штаб на Олипик Доњецка затоа што сака да започне тренерската кариера.

Тоа е всушност поранешен клуб за кој играше тој, а станува збор за Металург кој во меѓувреме го промени името.

Туре играше за тој клуб во 2003 година, а во 2019 година реши да ја заврши фудбалската кариера, па сега е време за тренерска кариера.

Останува да се види дали медиумите од Украина имале точни информации и дали сè ќе биде потврдено наскоро.