Connect with us

Фудбал

„Ултрасите“ на Јувентус најавија бојкот на дербито

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо проектот на Јувентус е заокружен и може да се каже дека е еден од нај следените клубови во Европа. Секогаш се бара карта повеќе за да го гледаат Португалецот или неговите помалку атрактивните соиграчи Дибала, Коста или Бернардески.

Досега се уште никој не се побуни на покачувањето на цените на картите кога се игра на Алијахц, но неколку групи на Бјанконерите најавуваат бојкот на гостувањето кај Милан на 11. ноември.

Нај евтината крата за гостинскиот сектор се движи околу 75. евра, а тоа наиде на негодување кај верните навивачи на клубот од Торино.

Италијанските медиуми најавуваат дека поддршката на гостите на ова секогаш незгодно гостување ќе биде мизерна.

Ќе видиме дали ваквиот вид на протести ќе влијаат на Ањели и останатите челници на Јувентус, но треба да се има во предвид дека фудбалот пред се’ се игра поради навивачите.

Едно без друго едноставно не може.