Connect with us

Фудбал

Унаи Емери на тренинг се појави со шест нови играчи

Репрезентативната пауза е готова, повеќето играчи со вратиа во своите клубови, а викендов според нас ќе донеси нови возбудувања.

Сепак, Арсенал на својот прв натпревар во продолжение од сезоната ќе чека до понеделник кога го игра натпреварот од 9. коло во Премиер лигата против Лестер.

Додоека траеше репрезентативната пауза, тренерот на Арсенал Унаи Емери воведе уште неколку новини, поточно донесе шест нови играчи во првиот тим.

Секако, сите се преместени од младинскиот погон и сега ќе тренираат со сениорскиот тим и ќе чекаат шанса да блеснат пред навивачите на лондонскиот великан.

Станува збор за Зах Меделиј (18), Чарли Гилмор (19), Јулиј Плегуезуел (21), Тобиас Омоле (18), Доминик Томпсон (18) и Нејтан Тормениј (18).

Треба да се додаде дека на тренинзите се приклучи и Лоран Кошелни кој конечно закрепна од тешката повреда.