Connect with us

Кошарка

Урнебесна реакција на Никола Јокиќ, тренерот го фали, а тој прави гестикулации, на крајот му аплаудираше (ВИДЕО)

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун на прес-конференцијата пред почетокот на финалната серија во НБА, упати пофалби за Никола Јокиќ, а тој од страна ги слушаше прекрасните зборови на тренерот.

„Тој не се труди да биде нешто што не е. Тој не се обидува да создаде наратив поинаков освен – „Јас сум Никола Јокиќ, играм за Денвер Нагетс, ќе направам се што можам за да му помогнам на мојот тим да победи.’ Тоа го прави професионално, со стил, никогаш не се става во преден план, што е реткост денес“, истакна Мелоун.

Додека Мелоун ги изговараше овие прекрасни зборови, Јокиќ внимателно слушаше од страна. Задоволно се насмевна и во еден момент му аплаудираше на одличната опсервација на тренерот на Нагетс.

Во големото финале Денвер ќе ги одмери силите против големиот Мајами, а првиот меч на програмата е ноќта меѓу четврток и петок во 2:30 часот по наше време.

 

 

 

Advertisement