Фудбал
Урнебесна сцена: Бејли го потсети Кавани како да го прослави голот (ВИДЕО)
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп.
„Црвените ѓаволи“ синоќа славеа во четвртфиналниот натпревар на гостувањето кај Евертон со 2:0 со головите во самиот финиш.
Гостите поведоа во 88. минута кога Единсон Кавани ја затресе мрежата на Карамела, а конечните 2:0 за Јунајтед ги постави Марсијал во шестата минута од судиското продолжение.
Но, детал кој насмеа многу се случи за време на прославата на првиот гол постигнат од Кавани.
Имено, Ерик Бејли се сврте кон Уругваецот и го потсети дека мора да го прослави голот на свој традиционален начин.
Bailly: Do the celebration! ?
Cavani:pic.twitter.com/PkPAy803v2
— Goal (@goal) December 24, 2020