Connect with us

Фудбал

Урнебесна сцена на „Камп Ноу“: Тренерот на Баерн Минхен 10 минути го бараше играчот

Баерн Минхен забележа нова убедлива победа на гостински терен против Барселона, овој пат со 3:0. Сепак, во второто полувреме интересна сцена. Имено, тренерот на Баерн, Нагелсман сакаше да направи двојна замена, во игра да ги внесе Гнабри и Коман, но малку се „загуби“ на “Камп Ноу“.

Имено, францускиот офанзивец исчезна 10 минути, бидејќи морал да оди во тоалет.

-Кингсли имаше проблеми со стомакот непосредно пред да влезе во игра, објасни тренерот на Баерн Минхен, потоа додаде:

-Затоа моравме да бидеме малку трпеливи со промената, Коман беше во тоалетот. Кога се врати, го запознавме со теренот, додаде младиот експерт.

Гнабри влезе во игра во 69. минута, додека Коман влезе на теренот во 82. минута кога го замени Сане.

Facebook