Фудбал
Урнебесно, го прашале Ибрахимовиќ кој ќе биде шампион, а неговиот одговор бил-Клубот во кој игра Златан!
Златан Ибрахимовиќ верува дека тимот во кој настапува во моментов, Милан може да стигне до шампионската титула. На прашањето кој ќе биде шампион оваа сезона во Серие А, одговорил.
-Кој ќе го освои скудетото? За кој клуб игра Златан? За Милан, епа одговорот е Милан, изјавил Ибрахимовиќ.
Тон се уште се опоравува од повредата, но се надева дека наскоро ќе се врати на теренот. Вели дека се чувствува добро, дека се чувствува млад и дека може уште да игра на високо ниво. Милан игра добро засега, втори се на табелата со два бода помалку од лидерот Наполи кој има максимални 21 бод од 7 меча.