Connect with us

Фудбал

Уште еден фудбалер од Барса е позитивен на коронавирус

Во Барселона има нов случај на заразен со Ковид-19, а тоа е шпанскиот репрезентативец Жорди Алба, соопштија од клубот. Тој е третиот играч на Барса кој е позитивен на коронавирус откако Дени Алвеш и Клемент Ленгле беа откриени заразени во понеделникот .

Барселона се плаши дека може да има повеќе случаи во овие 6 дена божиќен одмор за тимот пред тој во сабота да ја посети Мајорка. Со повреди во тимот се Ансу Фати, Педри, Мемфис Депај, Мартин Брајтвеј и Серхи Роберто, а казнети се Серхио Бускетс и Гави.

Наскоро се очекува да го напушти тимот и мароканскиот репрезентативец Ез Абде, кој ќе игра за својот тим на стартниот Куп на африканските нации.