Connect with us

Фудбал

Уште еден играч на Рома заразен со коронавирус

Дефанзивецот на Рома, Мараш Кумбула, потврди дека е позитивен на коронавирус.

Кумбула е петти играч на Рома кој е заразен по Един Џеко, Федерико Фацио, Давид Сантон и Лоренцо Пелегрини.

Коронавирусот се чини дека брзо се шири низ соблекувалната на „Волчицата“.

„Здраво на сите. Последниот тест покажа дека сум позитивен на Ковид-19, но за среќа се чувствувам добро и немам никакви симптоми“, рече дефанзивецот.

„Никој не може да каже дека е целосно безбеден од овој вирус, затоа би сакал да ги потсетам сите да избегнуваат однесувања што можат да го загрозат вашето или здравјето на некој друг“, се обрати Кумбула

Тој, како и неговите соиграчи, ќе мине десет дена во самоизолација, а Рома се надеваат дека ќе биде подготвен по враќањето на клупските натпреварувања.