Фудбал
Уште еден натпревар од Премиер лигата е одложен поради коронавирус
Натпреварот меѓу Астон Вила и Лидс Јунајтед кој требаше да се одигра на 28 декември и официјално е одложен.
Причината за ова е во клубот од Јоркшир, кој е сериозно погоден од пандемијата на коронавирус. Лидс Јунајтед исто така го одложи мечот против Ливерпул од Боксинг Деј, бидејќи тимот на Марсело Биелса го нема потребниот број на играчи за да започне натпревар во англиската Премиер лига.
Така овој натпревар стана следен, кој беше одложен поради новата мутација на вирусот во Велика Британија.